Српски хакери на Интернет страницата на косовскиот претседател

15:00 | 01.03.2010 | Автор: МИА

/ Српски хакери упаднаа на Интернет страницата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и оставија порака „Косово е Србија“, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Косово.
Во соопштението се наведува дека „нападот“ го извршила т.н. група „српски хакери“ минатата ноќ околу полноќ.
Покрај написот „Косово е Србија“, хакерите на сајтот ги прикачиле и државните симболи на Србија.
Канцеларијата на косовскиот претседател, како што се наведува, го анализира начинот на кој е извршен овој упад и прави се за Интернет страницата што побрзо биде оспособена.

commercial