» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Стартуваа првите сајтови со домеин на кирилица
11:45 | 13.05.2010 | Автор: МИА
Претседател.рф и влада.рф се првите интернет страници со домеин на кирилица. Двете Интернет страници се пуштени во употреба ноќеска, соопшти директорот на рускиот Национален координативен центар на националниот домеин на интернет, Андреј Колесников.Центарот е првиот администратор на домеин на кирилица во светот.- Сега имињата на овие две интернет страници може да се пишуваат во секој пребарувач со користење на рускиот јазик, без да е потребно користење на латиница, изјави Колесников.Од денеска започна и процедурата за преадресирање, со што истите интернет сајтови ќе се отвораат како со нивната претходна адреса -ру, така и со новата -рф.


