Твитер се` поприсутен на пазарот на мобилна телефонија

10:15 | 28.04.2010 | Автор: МИА

/ Интернет страницата Твитер најави купување на младата компанија „Клаудхопер“, која е специјализирана за праќање на СМС и ММС пораки преку мобилен телефон.
Твитер на тој начин има намера да го зголеми своето присуство на пазарот на мобилната телефонија.
„Клаудхопер“ ќе стане една од програмите преку кои се управува со најголем број на СМС пораки кои се примаат и испраќаат ширум светот, изјави еден од менаџерите на Твитер, Кевин Тау.
Тој додаде дека Твитер пренесува повеќе од милијарда СМС „твитови“ (куси пораки) месечно и дека оваа бројка расте ширум светот - од Индонезија до Австралија, од Велика Британија до САД и понатаму.
Купувањето на „Клаудхопер“ ќе овозможи Твитер подобро да управува со услугата од техничка страна, но и од финансиска.

commercial