» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Внимавајте на лажен Микрософт антивирус
13:30 | 08.03.2010 | Автор: МИА
Микрософт ги предупредува корисниците на појава на антивирус кој има слично име како и легитимниот антивирус на оваа компанија, а всушност станува збор за „тројанец“.Оригиналното име на легалната антивирусна програма гласи: „ Microsoft Security Essentials“, додека лажниот софтвер се разликува во една буква и носи наслов: „ Secirity Essentials 2010“.Проблемот, како што пренесува „еРепортер“, настанува поради тоа што корисниците, кои кога во насловот ќе видат „ Microsoft“, автоматски тргнуваат да го вчитуваат лажниот антивирус, не знаејќи дека со тоа во компјутерот уфрлауваат штетен „тројанец“ под името „Win32/Fakeinit “.
„Тројанецот„ инсталира лажна антивирус компонента која ги гасне легитимните процеси на системот и ги намалува безбедносните поставки на компјутерот.
Освен тоа што системот станува „поранлив“, „тројанецот“ го блокира пристапот на некои страници и корисникот се предупредува дека некои верзии на инсталираните програми треба да се отстранат од сметачот.
Сепак, лажниот антивирус лесно се отстранува од системот со легитимен антивирус или кој било друг софтвер за заштите, тврдат во Микрософт.