„You Tube“ - две милијарди клипови дневно

10:30 | 18.05.2010 | Автор: МИА
Сајтот за видеоразмена „You Tube“ постигна рекорд, преминувајќи го психолошкиот праг од две милијарди видеоклипа гледани на ден, само пет години по создавањето, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на нивниот сајт.Овој аудиториум е речиси двојно поголем од аудиториумот во најгледаното време на трите најголеми американски телевизии, тврди „You Tube“.Надминувањето на психолошкиот праг се совпадна и со премиерата на каналот „You Tube 5 години“, во кој посетителите на сајтот раскажуваат како тој го сменил нивниот живот.Калифорниската фирма, која стои зад сајтот, беше создадена пред пет години од поранешни вработени на сајтот за електронско плаќање „Paypal“ - Чад Харли, Стив Чен и Џавед Карим.Во октомври „You Tube“ беше купен од Google за сума од 1,65 милијарда долари.