» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Четкар, по трет пат во њујоршкиот „Блу ноут“ клуб
03:00 | 30.05.2010 | Автор: МИА
Светски познатиот гитарист, охриѓанецот Владимир Василевски - Четкар вчера настапи во „Блу Ноут“, најпознатиот џез-клуб во светот.Четкар, кој е првиот Македонец што настапил на познатата сцена, деновиве добил понуди да настапи и во еминентната Њујоршка музичка академија, како и во клубот „Иридиум“, исто така култно место резервирано за настап на светската џез музичка елита.Охридскиот гитарист кому ова му е трет настап во „Блу Ноут“, ќе се претстави како солист, вокалист и композитор, на сцената ќе го придружуваат Мото Фукушима, Милан Милановиќ и Арон Стил.


