» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Денови на македонската култура во Торонто
По повод Денот на македонските просветители Свети Кирил и Методиј - 24 Мај, во организација на литературното друштво "Браќа Миладиновци" при црквата „Св.Климент Охридски“ во Торонто викендов се држа по 23-ти пат манифестацијата Денови на македонската култура.Манифестацијата ја отвори претседателката на Друштвото Драгица Димовска која одржа пригодна беседа за значењето на мисијата на солунските брака, а повеќе членови читаа своја поезија. Проф. др Василка Попоска Треневска промовираше книга на магистер Валентина Блажевска-Андоновска.
Манифестацијата продолжи со изложбата на оригинални илустрации и книги за деца со илустрации од академскиот сликар Димче Исајловски, кој ги подари на црковното училиште за дополнителна настава на македонски јазик при црквата „Св.Климент Охридски“ во Торонто.
Педавање одржа и Мартин Треневски на тема "Брегалничката мисија на Свети Кирил и Методиј" при што укажа дека славата за великото дело на солунските браќа - заштитници на Европа, пред се им припаѓа на Македонците поради нивното македонско потекло, старомакедонскиот јазик на кој ги преведувале светите книги и заради епохалните ефекти од нивната десетгодишна просветителска и духовна дејност во текот на нивната прва мисија токму по течението на реката Брегалница.
Манифестацијата беше збогатена со присуството на четворицата офицери од АРМ кои посетувааа настава по англиски јазик во Воената база Борден и ги подарија своите униформи на четирите македонски православни цркви во Торонто.


