» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Германскиот виолончелист Јоханес Мозер во Скопје
09:45 | 25.02.2010 | Автор: e-reporter
Еден од најпознатите млади виолончелисти на денешницата Јоханес Мозер вечерва ќе настапи во Скопје, придружуван од Македонската филхармонија.
На концертот во Домот на АРМ (20.00 часот) ќе бидат изведени дело на Роберт Шуман Концерт за виолончело и оркестар а-мол и за прв пат во Македонија концертот за виолончело и оркестар од Витолд Лутославски, сложена музичка партитура, на еден од најзначајните современи концерти за виолончело и оркестар во 20 век.
Вечерашниот концерт се организира во соработка со Амбасадата на Полска.