» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Недела на македонската култура во Отава
Изложби на македонските уметници Димче Исаиловски и Георги Даневски и предавање за духовното и културно наследство на просветителите светите Кирил и Методиј, се настаните кои го одбележаа последниот ден од Неделата на македонската култура во Отава.Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Отава, во преполната галерија Канадијана, пред претставниците на дипломатскиот кор и претставниците од канадското Министерство за надворешни работи биле претставени делата на академскиот сликар Димче Исаиловски.Во презентацијата на делото на македонскиот и канадски сликар Георги Даневски, во организација на Амбасадата на Република Македонија, учествувале и дипломати од Амбасадата на Република Словенија во Отава и екипа на националната ОМНИ телевизија.- Во рамки на Македонската недела, амбасадорот Љубен Тевдовски оствари средби со раководствата на најрепрезентативните образовни асоцијации претставувани од Пол Дајвидсон, претседател на Асоцијацијата на Универзитети и Колеџи на Канада и Пол Бренан, потпретседател на Асоцијацијата на Канадски Колеџи на заедниците, стои во соопштението.На средбите, претставниците на канадските образовни институции биле запознаени со образовно-културните традиции во Македонија, најновите реформи и постигнати стандарди во македонското образование, како и за конкретни проекти и иницијативи за соработка и промовирање на идни партнерства помеѓу македонските и канадските образовни институции. Амбасадорот Тевдовски подготви прием по повод празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј за македонската заедница во Отава. На свечениот прием се иницирала можноста за формирање Координативно тело на Македонците од престолнината за подобро претставување на нивните интереси, како и интересите на македонската заедница во Канада пред федералните институции.Во рамките на прославата, делегација на Амбасадата го посетила и „Македонското дрво“, во паркот Челси, во близина на Гатино, засадено во знак на заедничките напори на Македонија и Канада за чиста средина и одржлив развој.


