» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
"Недела на турскиот филм" во Скопје
10:15 | 26.05.2010 | Автор: МИА
Со проекцијата на филмот „Љубовта не вика идам“ во кој главната улога ја толкува Бергузар Корел, вечер во Скопје ќе биде отворена Неделата на турскиот филм. Манифестацијата е организирана од Советот за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје со подршка од ТИКА – Турската агенција за соработка и развој, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Рамстор и Премиум Филм, а има за цел да ги презентира најновите остварувања на турската кинематографија.Во рамките на Неделата на турскиот филм, која се организира по втор пат, ќе бидат прикажани повеќе филмови меѓу кои и „Револуционерни возила“ во кој како главен лик настапува Халит Ергенч, „Време и ветришта“ на Реха Ердем, кој има освоено голем број награди, „Јајце“ првиот од Трилогијата „Јусуф“ на Семих Капланоглу, прикажан на фестивалот во Кан и „Јумурта”.Меѓу филмовите на програмата се и „Син на Сонцето“, „Весел живот“ и „Слушај од Неј“ и „Децата од другата населба“ во кој една од главните улоги ја толкува Ертан Шабан турски актер од Македонија, потоа Манифестацијата на 3 јуни ќе ја затвори филмот „Турско срце со германски ум“. Филмовите ќе се прикажуваат во кино салите на Рамстор, со англиски и македонски титл.


