Отворено 29-то издание на „Мал битолски Монмартр“

11:15 | 24.05.2010 | Автор: МИА

Дејана Бачко од Бачка Паланка, Србија, девојче кое заради недостиг од горни екстремитети црта со нога, во улога на посебен гостин, синоќа во изложбениот салон „Магаза“ го отвори 29. издание на Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.- Ова е голем собир и јас верувам дека ни претстои прекрасно другарување. Почнав да цртам кога имав девет години и членувам во здружение на сликарите кои цртаат со нога. Работам пастели, со маслени и акрилни бои и најмногу сакам да цртам природа, истакна Дејана Бачко, на синоќешното отворање во Битола.Според востановената традиција, ланските побдници, децата од студиото „Симпли-арт“ од Хонг Конг, Кина им ја доделија годинешната награда гранд-при на нивните врсници од Трабзон, Турција.- Прв пат добиваме толку високо признание. Изненадени сме колку многу квалитетни детски цртежи има на едно место изработени во најразлични техники, посочи младиот ликовен уметник Самет Алтан од училиштето за музика и уметност во Трабзон, Турција.До 30 мај во Битола, Охрид и Крушево ќе цртаат учесници од Русија, Белорусија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Украина, Србија, Велика Британија, Романија, Македонија, Турција и Кина со најмладиот учесник на фестивалот, четиригодишниот Ки Џи од Хонг Конг.

Тагови (карактеристични поими за веста):
|