Романот „Бабичка“ од Божена Њемцова на македонски јазик

10:00 | 01.03.2010 | Автор: МИА

„Македонска реч“ го објави романот „Бабичка“ од чешката писателка Божена Њемцова, во превод од чешки јазик на Донка Роус и Јасминка Делова Силјанова. Ова е првото дело на Њемцова објавено на македонски јазик.

Божена Њемцова (1820–1862) се смета за основоположник на новата чешка проза. Родена е во Виена, а детството го поминала во Ратиборжице, крај Ческе Скалице, каде што врз неа силно влијание имала баба и Магдалена Новотна.

Првите напишани творби на Њемцова се поетски, некои напишани на германски јазик. Нејзини пообемни и најпознати дела се „Бабичка“, „Планинско село“ и „Во замокот и под замокот“. Повеќето нејзини творби биле инспирирани од животот на простите, обичните луѓе, а честа тема се судбините на храбрите, но обесправени жени. Најубавото и најпознатото дело на оваа претставничка на чешката преродба е книгата „Бабичка“ (1855).
- Веќе еден и пол век Божена Њемцова е меѓу најпопуларните имиња во чешката литература. И по 155 години откако е напишана, во изборот за најпопуларна книга во Чешка, во 2009 година „Бабичка“ го освои второто место. Авторката Божена Њемцова (1820–1862) има интересна и необична биографија, а ова дело има автобиографски белези – голем дел од ликовите се историски и вистински. Главниот лик е нејзината баба – идеализирана и претставена како симбол на добрината и љубовта, на моралните и човечките вредности. Пишувајќи за спомените од своето детство, Њемцова напишала ода за својата супербабичка. Го напишала романот „Бабичка“ по смртта на својот син Хунк, барајќи утеха во пишувањето, соопшти „Македонска реч“.

Тагови (карактеристични поими за веста):
роман "Бабичка" | Македонска реч |