Трпчески ќе настапи во Берлин, Виена, Келн и Москва

10:15 | 03.03.2010 | Автор: МИА

Македонскиот пијанист Симон Трпчески, по завршувањето на серијата настапи во британските градови Манчестер, Бирмингем и Бејзинсток, продолжува на 9-ти, 10-ти и 11-ти овој месец во европските и светски културни центри Берлин, Виена, Келн и Москва.Под палката на диригентот Јаап Ван Сведен, со кого Трпчески неодамна настапи и на концертите во Далас, САД, ќе биде изведен Концертот за пијано и оркестар број 1 од Рахманинов. - Мислам дека ова ќе биде одлична можност за мое претставување во овие центри и за докажување на тоа што луѓето веќе го забележале на моите први настапи во Берлин и Виена, а во Келн сега ќе свирам по првпат. На англискиот дел од турнејата го изведов и концертот број три на Прокофјев, стои во писмената изјава на Трпчески.Македонскиот пијано виртуоз в сабота, првпат настапува во Москва, во големата сала на Московскиот конзерваториум, Трпчески ќе биде солист на Оркестарот на Бољшој театарот и под диригентската палка на Александар Ведерников ќе го изведе Концертот во ге-дур на Равел.До крајот на месецов, македонскиот пијанист го очекуваат оркестарско деби во Париз со Националниот оркестар на Франција на 18 март и концерт со Лондонскиот симфониски оркестар во британската престолнина на 25-ти овој месец.

Тагови (карактеристични поими за веста):
Симон Трпчески |