» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Во Струмица започна меѓународниот фестивал Астерфест
Со симпозиум посветен на филмските проблесоци во Струмица започна годинашново шесто издание на меѓународниот филмски фестивал Астерфест.Симпозиумот се одржа со модераторство на Илинденка Петрушева, а во дебатата учествуваа десетина писатели, културни работници и познавачи на филмската уметност, меѓу кои академик Митко Маџунков, Мими Ѓоргоска – Илиевска, Васе Манчев, Славица Тасева, Зоран Узунов и други.- Целта на симпозиумот е да ги фокусира и да ги расветли кинематографските сегменти што се практикувале и се практикуваат во Струмица и во Струмичко од почетокот на 20 век до денес, кои би можеле да заокружат една слика за кинематографска Струмица и нејзината околина. Сите излагања ќе бидат објавени како посебен дел во списанието „Кинопис“, изјави директорот на фестивалот Горан Тренчовски.Во рамките на фестивалската програма денеска беше одржана и првата филмска проекција во Струмица на филмот наменет за најмладата публика „Љубов за летање“ чиј што автор е Драги Савевски, а беше отворена и фото изложба на Роберт Јанкулоски под наслов „Движење“.Астерфест официјално ќе биде отворен вечерва со пригодни обраќања на неговите покровители, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот Зоран Заев, а свое обраќање ќе има и амбасадорот на Европската Унија во нашава земја Ерван Фуере.На отворањето свечено ќе им бидат врачени почесни признанија на истакнатите режисери Мигел Ермосо од Шпанија и Боро Драшковиќ од Србија, како и на познатиот актер од Хрватска Жарко Радиќ.


