» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Се породила по 3 часа откако дознала дека е трудна
Англичанка роди девојче, само по три часа откако лекарите и кажале дека е во трети месец од бременоста. Дваесет и едногодишната Белинда Вајти, во текот на девет месеци неколкупати била на лекар поради болки во долниот дел на стомакот и отекување. И бил дијагностициран тежок случај на иритација на дигестивниот тракт и гихт, но всушност таа цело време била бремена и носела здраво девојче, пишува „Телеграф“. Вајти била токму со нејзиното момче, 28-годишниот Вејн Бојлс кога добила труднички болки. Во неговиот стан ја родила ќерката Луиса Бојлс, а и помогнала неговата мајка Силвија.
- Тоа беше огромен шок за сите нас, но брзо се навикнавме на новонастаната ситуација и уживаме со неа - вели Вајти, додавајќи дека не се чувствувала баш најдобро во последните месеци пред породувањето.
Нејзиниот лекар во болницата во Тивертон и рекол дека има цревна иритација. За Божик повторно била на доктор бидејќи стапалата и рацете многу и отекле, а тој ја уверил дека тоа е последица од алергија.
- Имав чувство дека нешто мрда внатре во мене, но никогаш не помислив дека сум трудна, а ни на лекарот тоа не му падна на памет - вели Вајти.
Ноќта пред породувањето повторно била во болница бидејќи имала силни болки. Во 22 часот лекарот и кажал дека е бремена во трети месец (а била во деветти), за неколку часа подоцна, во 2.30 часот по полноќ да роди здраво девојче.


