Баба-диџеј „растура“ низ Франција

21:00 | 07.03.2010 | Автор: Шпиц
Од Филмскиот фестивал до Кан, па се до најдобрите клубови во Париз, 69-годишната баба Рут Флауерс е хит-диџеј на клупската сцена, која е препознатлива по своите техно-миксови зачинети со делови од „Абба“, „Квин“ и од „Ролинг стоунс“. Се почнало на роденденот на нејзиниот внук, каде што, како што вели, било многу гласно и имало многу светла, но енергијата и уживањето биле огромни. Школуваната пејачка тогаш одлучила своите вештини да ги покаже зад миксетата, а популарноста потоа дошла сама по себе. Таа денес пушта музика во бројни клубови низ Европа, а нејзиниот прв сингл е на пат да го освои пазарот.