» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Чешки лекар заборавил инструмент долг 28 сантиметри во стомакот на една пациентка
19:15 | 13.02.2010 | Автор: МИА
Прага, 13 февруари - На лекарите во една болница во чешкиот град Иванчице им се случила трагична грешка откако во стомакот на една пациентка која ја оперирале и заборавиле во стомакот хируршки инструмент, шпатула.
Жената, како што јави дописникот на МИА од Прага, живеела со 28 сантиметри долгиот предмет речиси пет месеци и како што самата кажува била на работ на самоубиство поради неподносливите болки.
Лекарите дури пред една недела откриле што се случило и го отстраниле предметот од стомакот на пациентката.
Болничкиот персонал не сакајќи да излезе случајот во јавноста и понудил на жената отштета, но таа сака правдата да ја побара на суд.
Лекарот пак, кој ја водел операцијата, тврди дека вината за заборавениот инструмент не е негова туку на инструментарката која е одговорна за сите инструменти кои се употребуваат при хируршките операции.