» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Чешки лекари му го вратиле видот после 53 години
Прага, 11 февруари - Лекарите од една приватна очна клиника во чешкиот град Злин, на 70-годишниот Карел Павела му помогнале да прогледа откако пред четири месеци врз него извршиле сложена операција, јави дописникот на МИА од Прага.
Прво лекарите не биле сигурни какви резултати ќе донесе интервенцијата врз човекот кој ослепел на 17 години по експлозија во леарницата каде што работел.
- Од недела во недела, видот на г-дин Павела се подобруваше, благодарејќи на тоа што тој е голем борец, вели лекарот кој ја извршил операцијата, притоа нагласувајќи дека враќањето на видот кај луѓе кои се слепи повеќе од 20 години е многу тешко поради тоа што мозокот по толку долго време ја губи способноста да ја создаде сликата која до него ја испраќа окото.
Оваа уникатна операција која чини 8.000 евра на Павела му овозможи по прв пат да ги види својата сопруга со која се оженил додека бил слеп, како и своите деца и внуци, а според лекарите тој сега без проблеми може и да чита.


