» Најкоментирани од последната недела:
Двајца среќници ја делат добивката од 139, 1 милион евра на италијанското „Супереналoто“
11:15 | 10.02.2010 | Автор: МИА
Милано, 10 февруари - По шест месеци неизвесност, во кои никој не успеа да ги погоди шестте добитни броеви во италијанската лотарија „Супереналото“, синоќа џекпотот од 139,1 милиони евра беше поделен меѓу две лица, соопшти весникот „Кориере дела сера“.
Ова е петиот по големина џекпот во историјата на лотаријата и првиот најголем добиен откако на 22 август минатата година жител на гратчето Бањоне ја доби добитната комбинација од шест броеви и зеде 147 807.299,08 евра.
Тоа се покажа како најголема сума, добиена не само во „Супереналото“, но и во лотаријата во Европа.
Двајцата среќници ќе си поделат по 69 511.157,32 евра.
Добитниците се од Парма и Пистоја. Нивните имиња се чуваат во тајност, но е познато дека и двајцата ги купиле тикетите од продавници за цигари.
Статистиката покажува дека во италијанската лотарија најмногу шестки се добиени во областа Кампања (15), во областа Лацио (14) и во Пуља (девет).