» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Електронски секс-шоп за муслимани
11:45 | 31.03.2010 | Автор: МИА
Во Холандија е отворен првиот електронски секс-шоп за муслимани, кои нудат сексуални помагала во согласност со шеријатскиот закон.
- Првите неколку дена имавме дури 70 илјади посетители, рече Абделазиз Аоураг, основач на страницата Ел Асир.
Основачот тврди дека страницата пред се е наменета за брачните парови кои сакаат да го подобрат својот сексуален живот, а воедно е и алтернатива за лицата кои преку интернет гледаат порнографија и други работи кои во исламот се забранети.
На страницата Ел Асир, што во превод од арапски значи општество, корисниците можат да изберат различни производи како што се стимуланси или гелови за масажа, но нема вибратори или порнографски списанија. Страницата е достапна на холандски, арапски и англиски јазик.
Сите производи кои се продаваат се халал и нема производи кои се забранети со исламот.
- На мојата страница производите претежно се во кутии, туби или шишиња во розева или сина боја со логото на брендот, а тоа е црн оган, рече Аоураг.
Имамот Абдул Јаба рече дека не е харам тоа што го нуди Аоураг на својата страница.
- Се додека не продава сексуални играчки или нешто слично тој не прави никаков грев, истакна Јаба.