» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Физичка пресметка меѓу стјуардеси
Авионот кој требал да сообраќа од Рочестер во Њујорк до Атланта во Џорџија не можел да полета бидејќи две стјуардеси физички се пресметале, пишува весникот „Телеграф“. Меѓу стјуардесите, чии имиња не се откриваат, прво започнала караница додека патниците влегувале во авионот, потоа почнале да си удираат шлаканици, за на крајот на се пресметаат со боксови. Пилотот немал избор, туку да ги истера сите од авионот.- Ни рекоа дека мораме да го напуштиме авионот и дека нема да летаме бидејќи имало физичка пресметка меѓу стјуардесите, изјви патникот Стив Мазур.
Претставници на авиокомпанијата „Пинакл“ соопштија дека стјуардесите времено се суспендирани од работното место, а нивното однесување ќе биде тема на истрага во рамки на компанијата.


