» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Исланд го забрани стриптизот
19:30 | 24.03.2010 | Автор: МИА
Исланд, за разлика од останатите европски држави, го забрани стриптизот и секој обид да се заработува на сметака на голотијата на вработените го окфалификува како криминално дело.
Исландскиот Парламент синоќа го усвои законот со кој се воведува оваа забрана, а кој треба да стапи во сила на 1 јули.
И опонентите и приврзаниците на законот нагласија дека Исланд е првата држава во Европа, во која е воведена ваква забрана. Со исклучок на Ватикан и на малите држави како Андора, стриптиз клубови има на целиот континент.
Претставничка на Социјалдемократската алијанса изрази задоволство од тоа што Исланд стана првата држава во Европа, која го презела овој чекор. - Жените, кои работат во стриптиз баровите, во голем број случаи се жртви на трговијата со луѓе и други злоупотребувања, изјави таа и додаде дека веќе 15 години ја истражува оваа област и досега не сретнала жена, која доброволно танцува „на шипка“.
Сопствениците на стриптиз клубовите негираат дека стриптизерките се жртви и напоменуваат дека властите ги затвораат таквите барови, бидејќи сметаат дека во нив има проституција.