» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Калуѓерка од Шкотска наследи бордел
10:45 | 02.03.2010 | Автор: МИА
Калуѓерка од еден манастир во близина на шкотскиот град Глазгов, во наслество доби бордел во австриската претсолнина Виена. Имено, 55-годишната калуѓерка Хјустон Л. е вонбрачна ќерка на сопственичката на бордел во Виена, Линда, која починала неодамна. Хјустон е родена додека нејзината мајка била на турнеја низ Велика Британија со циркусот во кој тогаш работела. Веднаш по раѓањато малата Хјустон била оставена во едно христијанско сиропиталиште, каде и пораснала, по што се замонашила. По смртта на Линда, надлежните австриски органи откриле дека таа има вонбрачна ќерка, која е единствен наследник на нејзниот имот, кој вклучувал голема куќа и бордел во Виена.
Но, сестрата Хјустон не сакала ниту да чуе за преземање на борделот, туку веднаш го продала целиот имот што го наследила и парите ги донирала во фондација која им помага на сиромашните во Индија.
Но, сестрата Хјустон не сакала ниту да чуе за преземање на борделот, туку веднаш го продала целиот имот што го наследила и парите ги донирала во фондација која им помага на сиромашните во Индија.


