Најлуксузниот затвор во светот

21:00 | 05.03.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска
Во Норвешка наскоро ќе биде отворен најлуксузниот затвор на светот, чии ќелии ќе бидат опремени со плазма-телевизор, а ѕидовите ќе бидат украсени со мурали.
Оваа казнена установа на чија изградба и опремување се потрошени близу 200 милиони евра, се наоѓа во близина на Осло и има капацитет од 252 затвореници.
Секој осуденик ќе има еднокреветен апартман со своја бања, а на прозорците ќе нема решетки.
Властите вложиле повеќе од милион фунти на дела од современата уметност кои ќе ја красат внатрешноста на овој затвор со максимално обезбедување. Освен тоа, затворениците имаат на располагање и ѕид за планинарење и музичко студио.
Ниеден прозор нема решетки, а се направени од непробојно стакло, така што затворениците нема да се чувствуваат клаустрофобично - тврди Арне Хоидал, управникот на затворот кој се отвора за еден месец.