» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Натпревар во плачење на бебиња
Сумо борачите се собраа и оваа година во еден храм во Токио за да учествуваат на 20. натпревар во плачење на бебиња, на јапонски наречено „Наки Сумо“. Натпреварувањето не претставува никаков нов тренд, бидејќи постои веќе 400 години. Сумо борачите на оваа „спортска“ манифестација се натпреваруваат на целосно поинаков начин од оној кој им е својствен. На борилиштето излегуваат по двајца, но секој од нив покрај главата држи бебе, кое се обидува да го натера да плаче подолго и погласно отколку тоа што го прави противникот со „своето“ бебе. Плачењето на бебињата го надгледуваат и „мерат“ судии, а победува најгласното бебе. Според традиционалното јапонско верување, натпреварот во плачење, на децата им гарантира добро здравје. Додека бебињата плачат обичај е мајките да се молат за да ги протераат злобните духови. На годинешниот натпревар во храмот Сенсоџи во Токио учествувале 80 бебиња.


