Прв паркинг за жени отворен во Полска

01:45 | 30.03.2010 | Автор: e-reporter
Прв паркинг наменет исклучиво за жени е отворен во полскиот град Познањ во приземјтео на еден повеќекатен паркинг простор, со бројни огледала за да на жените зад воланот им го олесни паркирањето.
Зоната од 200 паркинг места во приземјето на повеќекатен паркинг со капацитет од 1.800 возила, ја издвои големиот сообраќаен шопинг-центар Галерија Малта во Познањ.
Како инспирација за ова, како што пренесува „еРепортер“, беа примерите од Германија и Кина, каде паркинзите за жените се вообичаена работа, а приземјето е одбрано затоа што Полјачките нерадо бараат место за паркирање на повисоките катови.
Во приземјето, покрај „женската зона“ е издвоена и „семејната зона“ , каде местата за паркирање се нешто пошироки за да може без поголеми тешкотии да се сместат големите автомобили за семеен шопинг.
Полјачките се воодушевени со новиот паркинг, феминстките се уште не се огласиле со протест поради ставот дека некој однапред мисли дека жените се неспособни да ги паркираат автомобилие без посебен систем огледала, додека мажите, протерани од најдобрите места, никој ништо не ги прашал.
„Нема да ги стреламе господата кои ќе паркираат на место резервирано за жени, но сметаме дека тие ќе бидат џентлмени“, изјави Томаш Војш за „Газета Виборшча“.