» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Решава рубикова коцка при слободен пад
09:00 | 26.08.2010 | Автор: Шпиц
Откачениот Лудвиг Фихте ја решава рубиковата коцка, седнат во гумен чамец, додека паѓа од височина од над 4.000 метри.
Падобранецот во чамецот седи заедно со уште еден пријател, додека друг го снима неговиот подвиг. Дваесет и деветгодишниот Фихте успеа да ја реши коцката на височина од 1.800 метри, односно за 31,5 секунди. По решавањето на проблемот, Лудвиг го отвори падобранот и нормално се приземји.
- И досега сум решавал рубикова коцка додека паѓам. Сепак прв пат решавав додека седев во гумен чамец, изјави Фихте од германскиот град Дрезден.
Зависникот од адреналин вели дека следниот негов подвиг ќе биде решавање на две рубикови коцки пред да го отвори падобранот.