Русите пливаа со кукли на дување

10:00 | 26.08.2010 | Автор: Шпиц

/ Стотици мажи од Русија се собраа во Новосибирск, трет по големина град во земјата, и пливаа држејќи во рацете кукли на дување.
Иако куклите на дување имаат сосема друга намена, мажите од Русија со нив пливаат во натпреварот „Рабер баба челенџ“, кој традиционално секое лето се одржува во Новосибирск.
Натпреварот се одржува во студената река Об, а секој од учесниците треба да преплива 100 метри држејќи во рацете кукла на дување.
Натпреварувачите велат дека им е навистина тешко да пливаат со куклите на дување, иако тие ги одржуваат на површината на водата. Најбрзите пет пливачи добиваат награда и диплома.

commercial