» Најкоментирани од последната недела:
Се разбудил од кома кога дознал дека станал дедо
12:45 | 13.02.2010 | Автор: МИА
Лондон, 13 февруари - Британецот Дејвид Расел, кој три недели бил во кома, се разбудил кога неговата сопруга му шепнала на уво дека станал дедо.
Расел удрил со главата во бетон по паѓањето од покрив, од височина од 3,5 метри. Во болница лекарите го ставиле во вештачка кома поради отстранување на згрутчувањето на крвта во мозокот, но тој по извршената операција не се разбудил.
- Лекарите мислеа дека нема да ја приживее операцијата. Бидејќи не се будеше, сметаа дека во најдобар случај ќе остане хендикепиран, изјави неговата сопруга Хелен.
Кога се породила ќерката на Расел, Хелен побрзала во болницата да му ја соопшти на сопругот убавата вест - дека станал дедо на малечката Еди.
- Ајде дедо, мораш да се разбудиш и тоа веднаш, му шепнала таа на Расел. И се случило чудо - тој полека почнал да ги отвора очите и да доаѓа при себе.
Лекарите велат дека среќниот дедо полека но сигурно целосно ќе заздрави.