Седел во автомобил 30 часа за да не го земе пајак

10:00 | 19.08.2010 | Автор: Шпиц
За да не ги плати трошоците за пајак-службата, 27-годишниот Британец Харун Зафаријаб дури 30 часа седел во својот автомобил. Во текот на својот протест заработил уште дополнителни 40 казни, па трошоците пораснале до 3.865 фунти, пишува британскиот таблоид „Сан“.
Зафаријаб од Лондон протестирал така што 30 часа седел во својот автомобил откако службата „Ситивоч“ му ставила „лисици“ на тркалата бидејќи бил паркиран на приватен посед. На почетокот, од Зафаријаб барале да плати 100 фунти казна и 265 фунти трошоци за пајак-службата, но тој го одбил тоа, и одлучил да седи во автомобилот за да не можат да го одвлечат.
Во текот на протестот пријателите му носеле храна и пиење, а за 30 часа заработил уште 40 казни и направил долг од 3.865 фунти. На крајот фирмата „Ситивоч“ попуштила и му понудила да ја плати само казната од 100 фунти, што Зафаријаб прифатил и прогласил победа.