» Најкоментирани од последната недела:
Секс мапа на светот
Шведска е дом на бисексуалките, Германците се најлоши љубовници, Сан Франциско е најперверзното место, а најпромискуитетни жени има во Нов Зеланд. Дознајте уште некои интересни работи од светот на сексот!
Штета би било да не се обединат бројните истражувања кои покажаа какви се некои нации кога е сексот во прашање. Англискиот таблоид „Сан“ го направи токму тоа. Значи, кога се зборува за најпромискуитетните жени, бројките покажаа дека тоа се Новозеланѓанките. Во просек менуваат по 20 партнери во својот живот. А истражувањата покажаа дека најпромискуитетни мажи се Австријците, бидејќи во просек менуваат по 29 партнерки во својот живот. Студија, во која учествувале жени од 20 земји во светот, покажа дека Германците се најлоши љубовници во светот и тоа бидејќи смрдат. Истата студија покажа дека Шпанците се најдобри љубовници. Кога се мисли на најнапалена нација, првото место го заземаат Грците, а што се однесува за издржливоста в кревет - нема подобри од Бразилците, сексот кај нив во просек трае 30 минути. Тајланд е најочаен на ова поле, бидејќи сексот таму е само 10 минути. Дури 41 отсто од Французите рекле дека учествувале во оргија, а 27 отсто си размениле партнери. Кога се во прашање оргиите, рекордот е кај Јапонците, над 500 двојки учествувале во најголемата оргија во светот. Во Шведска има најмногу бисексуалки, а Сан Франциско е најперверзното место во светот. Таму се снимени и дури 90 отсто од легално направените порнофилмови во САД.


