Секс среде улица

21:00 | 04.03.2010 | Автор: Соња Танеска Игнатоска
Откако во јавност се појави фотографија на двојката која има секс среде улица, полицијата почна потрага по нив бидејќи таквото однесување е недозволиво и мора да бидат казнети. Шокантната глетка ги затекна сите возачи, кои во тој момент се најдоа на прометната улица во индустрискиот град Крефелд, во западна Германија, пишува „Билд“.
Мажот и жената имале секс среде улица и предизвикале тотален хаос. Очигледно биле толку возбудени штом не можеле да ги запрат своите страсти до некоја споредна улица или, пак, биле големи егзибиционисти.
- Сакаме да ги пронајдеме тие двајца бидејќи таквото однесување е недозволиво - рече портпаролот на полицијата.
Луѓето кои беа сведоци на настанот тврдат дека тие имале секс околу 10 минути. Откако ја завршиле работата, станале и си заминале.
- Скоро ќе направев судир, тоа дефинитивно не е нешто што секојдневно се гледа среде улица - рече еден таксист.