» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Во Кина за Нова Година се изнајмува партнер или партнерка
16:30 | 14.02.2010 | Автор: МИА
Пекинг, 14 февруари - За кинеската Нова Година повеќето млади во Кина, кои се под притисок на своите родители, даваат огласи на Интернет дека за овој празник изнајмуваат девојка или момче.
Младите кои не се во љубовна врска усовршиле одличен систем за измама на своите родители, така што ги изнајмуваат услугите на некоја девојка или момче, кои дома ги претставуваат како свои партнери.
Во Кина многу млади луѓе се изложени на вистински притисок од страна на родителите кои сакаат да ги видат оженети или омажени уште на нивна 20-годишна возраст.
На некои од нив овој викенд влегувањето во родителскиот дом им е едноставно забранет ако се без девојка или момче.
Затоа на Интернет има безброј огласи во кои се нудат или бараат момчиња или девојки за изнајмување.
- Очајно барам девојка која со мене би дошла дома за Нова година. Давам 73 долари дневно, не морате да спиете со мене. Јас ќе спијам на подот, но морате да бидете добра глумица, се наведува во огласот на едно момче.