Живот на тропски остров наместо кариера

21:00 | 09.03.2010 | Автор: Шпиц
Британската новинарка и самохрана мајка Сандра Патерсон ја оставила својата кариера и стресниот живот во англискиот град Ковенри и заедно со својата деветгодишна ќерка Клаудија се преселиле на тропскиот остров Раротонг на Пацификот. Таа вели дека морала нешто да промени во животот. Домашната лекарка ја предупредила Патерсон дека се наоѓа на работ на нервен крах. Додека некои луѓе за време на животната криза имаат афери и купуваат скапи автомобили, Патерсон во текот на својата животна криза отишла да бере плодови сред Пацифичкиот Океан. Иако планирала да остане најмногу 18 месеци, повеќе не сака да се врати назад во цивилизираниот свет. Сега живее во колиба од нешто повеќе од 30 квадратни метри. Нема ниту пегла ниту правосмукалка. Островот има 9.000 жители, две продавници, полициска станица и амбуланта. Температурата никогаш не се спушта под 18 Целзиусови степени. Патерсон е воодушевена. Може да оди каде што сака, само треба да се врати пред да падне мракот. Сепак, има и лоши страни. Гуштери на сите страни, под кревет, на ѕидови. Патерсон вели дека животот не е полесен отколку во град, но е многу поубав.