И мажите сакаат комплименти

Мажите се возбудуваат и кога ќе ги пофалите за нивното готвење, за интелигенцијата, за чувствителноста итн

21:00 | 08.03.2010 | Автор: Шпиц

Мажите не се толку едноставни суштества, колку што жените мислат. Комлексноста на нештата што го дефинираат машкиот пол е огромна. Ова се само десетте нешта што мажите би сакале жените да ги знаат за нив.
САКААТ КОМПЛИМЕНТИ. Жените претпоставуваат дека мажите ги сметаат комплиментите за премногу женска работа и според тоа, не ги сакаат. Но, мажите сакаат повремено да добиваат комплименти. Сакаат да им биде предочено дека нивните партнерки ги гледаат како сексуални објекти и не им пречи да им кажат дека им се допаѓаат бицепсите, задникот или пак нозете. Мажите се возбудуваат и кога ќе ги пофалите за нивното готвење, за интелигенцијата, за чувствителноста итн.
ИСКРЕНИ СЕ. За да се снајдете во машкиот свет, мора да знаете да лажете. Најголем дел од мажите го знаат тоа и прилично добро им оди. Кога мажот ќе почне да ви ја кажува вистината, не жалете се. Тоа само покажува дека му значите. Но, младите мажи најчесто се горат на својата искреност, затоа што колку и да го потенцираат тоа, жените не сакаат да ја чујат вистината, па малку по малку почнуваат да си се цензурираат.
ЦЕНЕТЕ ЈА ДОСТАПНОСТА. Тоа што мажот е крај вас значи дека му значите. Доколку дозволите оној што ви избегал, а всушност никогаш не бил ваш, туку само ве користел, да стане идеал за маж, тогаш се повеќе мажи стануваат такви за да го добијат она што го сакаат од вас.
РАЗДЕЛЕНИ, А БЛИСКИ. Времето минато заедно е важно. Најчесто тоа ја продлабочува и ја зајакнува љубовта. Но, како што вам ви е потребно време со другарките, така и ним им е потребно време со другарите, заради себедефиниција.
САКААТ ЖЕНСТВЕНОСТ. Не откажувајте се од нештата што ги разликуваат мажите од вас, само за некому да му докажете нешто. Убаво е кога мирисате убаво, кога сте емотивни итн.
ШЕФ ВО СПАЛНАТА СОБА. Бидете немирни. Употребете ги рацете и имагинацијата. Искажете ги фантазиите. Искажете го она што го сакате. Земете ја контролата и мажот ќе ви биде благодарен, а и несомнено, задоволството ќе ви се зголеми.
ОБВРСКИ КОН СЕБЕ. По некое време, сите мажи сфаќаат дека дел од среќата лежи и во правењето некого друг среќен, но на некои мажи им е потребно повеќе време. Не вршете притисок, туку следете ги своите интереси, се до моментот кога ќе дојде време да почнат да се создаваат заеднички.
ВЕРУВААТ ВО ОНА ШТО ГО ГЛЕДААТ. Мажите мразат неуспеси. Попрво ќе се тргнат од играта, отколку да си дозволат неуспех, поради нејасни правила. Затоа, внесете се во оние нешта што го прават вашиот маж среќен. Така, тој ќе види дека вам ви се важни неговите емоции, па ќе почувствува посилна врска со вас.
САКААТ ДА ПОБЕДУВААТ. Дали е толку страшно што го заборавиле капакот подигнат, ако тревата не е искосена и ѓубрето не е фрлено? Наместо само да критикуваат, жените треба да ги оддадат заслужените признанија.
ТАТКОВЦИТЕ СЕ ВАЖНИ КОЛКУ И МАЈКИТЕ. Понекогаш, се преценува улогата на мајката, а се потценува таткото. Но, кога некој ви го задева детето, мажот е тој што треба да му каже како да се брани. Животното искуство на татковците е подеднакво важно колку и тоа од мајките. Од една страна затоа што создава баланс во личноста на детето, а од друга, затоа што некои нешта имаат поголема тежина кога ќе бидат кажани од него. Не потценувајте го тоа.