» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Истражување: Вегетаријанците и штетат на животната средина
Лондон, 12 февруари - Модерниот начин на живот ни наметна секакви трендови, меѓу кои и вегетаријанската кујна. Иако во основата на ваквиот начин на исхрана е заштитата на животната средина, сепак најновото британско истражување го покажува сротивното. Алтернативите за месото, како што се тофу, леблебијата и други можат негативно да влијаат врз животната средина.
До неодамна се зборуваше дека со избегнувањето на месото ја штитиме и чуваме нашата животна средина, бидејќи со тоа се намалува емисијата на штетни гасови и потребни се помалку обработливи површини за одлегување на алернативите на месото.
Универзитетот Кранафилд и Светскиот фонд за заштита на дивиот свет ги здружија силите во заедничкото истражување, кое покажало дека алтернативите за месото се многу поштетни за животната средина, бидејќи прекуокеански се увезуваат во Велика Британија.
Замената на млекото и говедското со тофу ја зголемува потребата од обработливи површини, а производството на заменските продукти за месо повеќе и штети на животната средина, отколку одгледувањето на говеда и јагниња.
Одгледувањето на ваков вид храна бара многу повеќе извори на енергија. Сепак експертите признаваат дека штетноста на вегетаријанската исхрана зависи од тоа која храна се користи како замена за месото.


