» Најкоментирани од последната недела:
Како да го масирате вашето бебе?
Масажата од раниот период на животот придонесува за јакнење на способноста за внимание кај децата. Подобро спијат, а кога ќе се разбудат се опуштени и свежи, а масажата е нешто во што уживаат
Примената на масажата кај бебињата е пракса стара над 1.000 години. Тоа е стар обичај во културите на многу народи, особено во Индија и деловите на Русија и Кина. Во поново време ефектот на масажата е нејголем во раниот раст и развој на детето, потврдија многубројните клинички испитувања.
Масажата од раниот период на животот придонесува за јакнење на способноста за внимание кај децата. Подобро спијат, а кога ќе се разбудат се опуштени и свежи, а масажата е нешто во што уживаат. Во оваа опуштена атмосфера се јакне врската меѓу родителите и децата, односно физичката блискост.
Со масажа на бебето може да почнете од неговата шеста недела од животот, важно е папокот да е убаво зараснат за да не дојде до инфекции.
Бебето не треба да се масира кога е болно, ниту кога има температура. Водете сметка рацете да ви се топли и просторијата да е загреана. Маслото со кое сакате да го масирате бебето исто така треба да биде малку загреано.
Почнете ја масажата така што едната рака ќе ја ставите под главата на бебето, а другата на стомак. Во пределот на главата, масирајте го нежно со дланките од двете раце делот од носот, образите, челото и слепоочниците.
За рацете и нозете, со едната рака фатете го едниот бут или едната надлактица, а потоа лесно влечете ја раката кон стапалата на бебето. Направете го истото и со другата нога и повторете ја уште еднаш целата постапка.
Кога ќе дојдете до стомакот, наизменично масирајте го бебешкото тело со левата и десната рака, почнувајќи од рамениците, преку градите и стомакот, до спротивната нога. Градите масирајте ги кон надвор, а стомакот во насока на стрелките од часовникот.
Лесно поминете со дланките преку целиот грб. Почнете од вратот, па преку целиот грб, се до стапалата. 'Рбетот не масирајте го. Водете сметка за симетријата, доколку левата нога сте ја масирале пет пати, тогаш исто толку треба да ја масирате и десната.


