» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Протеинска диета за слабеење
За разлика од другите режими на исхрана, протеинската диета се заснова на промена на диетата, односно еден ден се консумира белковини, еден ден белковини и зеленчук, и еден ден белковини, зеленчук, овошје и вода
Сакате да изгубите неколку килограми и да останете во добра форма? Диетата на доктор Пјер Дикан е неодолив коктел на слабеење и добро расположение, која ќе ви помогни да ги стопите масните наслаги и ќе ви ја зголеми енергијата.
За сите диети се препорачува да се јаде секој ден исто количество, кое обично многу брзо ќе ви здодее. Доктор Дикан затоа измисли режим на исхрана, кој се заснова на промена за време на диетата. Еден ден се јадат белковини, вториот ден белковини и зеленчук, третиот белковини, зеленчук, овошје и вода, па потоа се почнува од почеток, се до неделата, кој е празничен ден, објаснува францускиот нутриционист со напомена дека внесувањето масти и шеќери се сведува на минимум.
- Благодарение на промената на тематските денови, исхраната е разновидна, што се одржува со видливи резултати, но и на мускулите - вели нутриционистот.
Главен адут на оваа програма е протеинскиот ден, кога најмногу се слабее поради забрзувањето на работата на метаболизмот, додека гурманската недела помага да се зачува доброто расположение. Ваквиот начин на контролирана исхрана ви овозможува лесно и трајно да се ослободите од вишокот килограми.
Неделниот план на исхраната изгледа вака, понеделник и четврток се денови за протеини. Тогаш треба да консумирате посно месо, варени јајца, производи од млеко со мал процент на масност и интегрален леб. Вторник и петок на менито се протеини и зеленчук, па така можете да комбинирате свеж или варен зеленчук со протеински оброци. Со класичното маслиново масло зачинете ја секоја салата, а можете да помешате секаков зеленчук. Во среда и сабота консумирајте протеини, зеленчук и овошје, а најдобар избор се сезонските овошки и зеленчуци. Во недела можете да јадете се што сакате за да го задржите доброто расположение, но запомнете која ви е целта на диетата.


