Сакате син? - Појадувајте!

10:45 | 09.03.2010 | Автор: МИА
Тоа што жените го јадат во раната фаза на бременост може да влијае на полот и здравјето на нероденото бебе, сугерира една нова студија.
Тие кои јадат комплетен појадок и внесуваат висококалорчни производи во време на зачнувањето на бебето имаат поголеми шанси да добијат машко, тврдат научниците од Универзитетот Мисури.
Докторката Черил Розенфилд истакнува:„ Висококалоричната исхрана генерално оди во корист на машко, додека онаа нискокалоричната оди во корист на девојче“.
Научниците ги анализирале гените во плацентата на бремените глувчиња кои се хранети со производи со високо ниво на маснотии и јагленохидрати и оние хранети со нискокалорична храна. Разликите се споредени со третата група глувчици кои конзумирале храна со нормално количество калории.
Не само дека е забележана промена во полот на новороденчето, туку и женските фетуси биле многу почувствителни на исхраната на мајката.
Овие откритија објавени се во списанието „Просидинг“ на американската Национална академија на наука.