Заврши забраната за лов на пастрмка

05:30 | 25.03.2010 | Автор: МИА

/ Заврши забраната за лов на пастрмка на Дебарското Езеро и реката Радика.
Со одлука на концесионерите, спортско-риболовното друштво „Трофта“ и еколошкото друштво „Дешат“, забраната беше воведена во средината на декември поради мрестот на пастрмката.
За разлика од претходните години, забраната овој пат беше воведена месец ипол подоцна поради повисоките температури кои го одложија мрестењето на пастрмката.
Во текот на забраната, со цел заштита на овој вид риба, имаше засилена рибочуварска контрола.

commercial