» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Дванаесет македонски финалисти на „Балканика“
21:00 | 07.03.2010 | Автор: Шпиц
Калиопи, Каролина, Ламбе, Елена Ристеска, Слаткаристика, Влатко Лозаноски, Адријан Гаџа, Боби Симоновски, Врчак, ДНК, Јован Јованов и Елвир Мекиќ, се номинираните финалисти, кои во мај ќе учествуваат на фестивалот „Балкански музички награди“ што се одржува во Софија.
На популарната музичка телевизија „Балканика“, музички награди ќе се доделат во 17 категории. Ќе се избираат единаесет најдобри нумери, по една од секоја земја на Балканот, најпопуларна песна во овој регион, најдобар пејач, најдобра пејачка, најдобар дует или група, најдобар видеозапис и награда за придонес во балканската музика.
- Ова е еден проект кој ги руши националните граници и е вистинска презентација на европската култура од нашиот регион. Ние од „Балканика“ искрено се надеваме дека манифестацијата ќе стане една од најпопуларните на Балканот, нешто слично на тоа што е Евровизија за Европа - рече неодамна Бојко Христов, портпарол на манифестацијата.