» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Џоли љубовница на Џегер, Фајнс и на Фарел
Мик Џегер, Ралф Фајанс, Колин Фарел… Ова е само дел од поголемата листа на љубовници кои досега ги имала фамозната Анџелина Џоли. По излегувањето на биографијата, потпишана од авторот Ијан Халпернин, кој предвиде пропаѓање на врската на Бред Пит и на Анџелина Џоли, уште една авторка ги открива пикантните детали во врска со оваа двојка. Освен ова, таа открива и моменти од минатото на Џоли.
Џени Пол, авторката на книгата „Вистината за Бред Пит и Анџелина Џоли“, пишува дека мајката на шесте деца имала многу познати љубовници.
Таа се забавувала со Ралф Фајнс и со Мик Џегер, а Бред Пит го мамела со својот поранешен маж Џон Ли Милер, тврди Пол.
Анџелина наводно имала кратка врска со Мик Џегер во 1997 година во времето кога тој беше оженет со Џери Хол. Истата година Анџелина се појави во спотот на „Ролинг стоунс“ за песната „Анѕбодѕ сеен мѕ бабѕ?“. Авторката тврди дека двојката ја обновила романсата во 2003 година, кога се видени во еден хотел во Бангкок.
Списанието „Лајф енд стајл“ објави неколку страници од книгата на авторката и тоа оние во кои се опишуваат садомазо-средбите на Џоли и на Ралф Фајнс во хотел во Лондон, а пишува и дека Анџелина во исто време била во четиримесечна врска со Колин Фарел, кого на крајот го откачила поради неговото прекумерно пиење.


