Ѓоко Танески победник на „Евросонг 2010“

11:00 | 21.02.2010 | Автор: МИА
Скопје, 21 февруари - Ѓоко Танески е победник на Скопскиот фестивал-национален избор за песна на евровизија „Евросонг 2010“.

Со вкупно освоени 22 поени, Таневски синоќа исполнувајќи ја нумерата „Јас ја имам силата“, чии автори се Кристијан Габровски и Дарко Тасевски, стана десеттиот претставник на Македонија на евровизискиот фестивал што оваа година кон крајот на мај ќе се одржи во Осло, Норвешка.

Второто место го освои Влатко Илиевски со песната „Среќа“.

Жирито беше составено од шест луѓе, Васко Тодоров од „К 15“, сопственикот на модното студио „Црнокрак“ Мики Црнокрак, професорот Кирил Лозанче, Кирил Зарлинов од радио „Антена 5“, оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски и Горазд Чаповски од „Мизар“.