» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Џад Лоу и Рејчел Вајс добитници на наградата „Вотсонстејџ“
18:45 | 15.02.2010 | Автор: МИА
Лондон, 15 феврури - Џад Лоу и Рејчел Вајс се прогласени за најдобри актери во изминатата година во изборот на британската театарска публика, која преку Интернет гласаше на сајтот Whatsonstage.com.
Лоу е награден за улогата во претставата „Хамлет“, додека Вајс доби најмногу гласови за толкувањето на ликот Бланш Дибоа во претставата „Трамвајот наречен желба“, која беше прогласена за најдобра римејк театерска претстава.
Претставата „Чекајќи го Годо“, со двајцата ветерани на бритаснкото актерство, Ијан Мекелен и Патрик Стјуарт, во главните ролји е прогласен за театарски настан на годината.
Меѓу наградените е и Роун Аткинсон, алијас Мистер Бин, кој е прогласен за најдобар актер во мјузиклот „Оливер“, додека истото признание, но во женска категорија, го освои Патина Милер за ролјата на чесна сестра во мјузиклот „Систер акт“.
Претставата „Ерусалим“ на Џез Батерворт ја освои наградата за најдобра драмска претстава.
Наградата на сајтот Ватстонстејџ се доделува од 2001 година, а за добитниците годинава гласаа 46.000 лица на Интернет.