» Најкоментирани од последната недела:
» Најнови: Колумни
Лејди во врска со манекен
Атрактивната кавадарчанка и тату-уметник Емилија Пендева, која многумина ја препознаваат како Лејди од истоимената песна на Тоше Проески, е во врска со поранешниот манекен Илија Пенов од Скопје. Двајцата поранешни манекени, 24-годишната Емилија и 27-годишниот Илија се познаваат долги години преку модните ангажмани во Македонија, фотосесии и појавување во рекламни спотови. Оваа симпатична манекенска двојка честопати може да се забележи како се забавува заедно со нивните пријатели низ ноќните клубови во Скопје.
Пендева во 2003 година беше една од финалистките на „Елит модел срч“ и неколку месеци престојуваше во Виена каде што изработи професионално портфолио и имаше планови кои се вртеа околу освојувањето на грчкиот пазар, а во 2005 беше една од кандидатките за изборот на мис на Македонија. Пред 6 години Емилија се појави во спотот на македонската легенда Тоше Проески за темата „Велам Лејди“, кој остана нејзин препозналив знак по кој многумина и денес ја препознаваат.
Таа во моментов студира арт-дизајн и изработува уметнички тетоважи во тату-студио. Пенов кој важи за еден од најпривлечните и најпосакувани момчиња во Скопје, има завршено Економски факултет, а долги години членуваше во модното студио „Црнокрак“ и беше еден од поангажираните македонски манекени.


