» Најкоментирани од последната недела:
» Најчитани од последната недела:
Македонија на Евросонгот во Осло на македонски
12:00 | 04.03.2010 | Автор: e-reporter
Македонија на годинешниот избор на песна на Еврозивија во Осло ќе настапи со нумера која ќе биде испеана на македонски јазик.
Оваа дефинитивна одлука е донесена во координација со МРТВ, која е главен организатор на настапот на македонскиот претставник на Евросонгот.
Македонија во Осло ќе ја претставува Ѓоко Танески со песната „Јас ја имам силата“, која според најавите нема да претрпи драстични измени од оригиналот.
„Чувстувам потреба и одговорност пред македонската јавност да нагласам дека на Националниот избор на песна за Евровизија беше одбрана вистинската песна, што очекувам да биде потврдено со успех во Осло“, изјави Танески за порталот Охрид њуз.


