» Најкоментирани од последната недела:
„Наредникот Џејмс“ - победник на 82 издание на Оскарите
09:00 | 08.03.2010 | Автор: e-reporter
Акционата драма за војната во Ирак - „Наредникот Џејмс“ го освои Оскарот за најдобар филм и режија, како и оскарите за оригинално сценарио, монтажа, тон и монтажа на тон.
Со освоените шест оскари, воената драма на режисерката Кетрин Бигелоу убедливо победи на 82-то издание на доделувањето на Оскарите.
Бигелоу е првата жена во историјата на Оскарите која ја освоила наградата за режија.
Заблагодарувајќи им се на актерите и целата филмска екипа, таа го посвети Оскарот на американските војници во Ирак и во Авганистан, пренесува еРепортер.
Кетрин Бигелоу од 1989 до 1991 година беше во брак со Џејмс Камерун, режисерот на научно – фантастичниот филм „Аватар“, кој од девтте номинации, доби само три оскари.
Филмот кој на светските кино – благајни инкасираше рекордни 2.5 милијарди долари ги освои златните статуетки за камера, уметнички дизајн и специјални ефекти.
Оскарот за главна женска улога ја освои Сандра Булок за "The Blind Side", а нагрдата за најдобра машка улога му припадна на Џеф Бриџис за "Crazy Heart" .
Нагрaдата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје ја освои аргентинската драма "The Secret in Their Eyes".