Попај се враќа во кино - салите во 3Д технологија

11:00 | 24.03.2010 | Автор: e-reporter

/ Славните мускулести подлактици на морнарот Попај ќе станат уште поголеми на неговото враќање во светските кино – сали во 3Д технологија.
Компанијата „Сони Пикчрс“ и нејзиниот оддел за компјутерска графика „ИмиџВоркс“ направија нов долгометражен анимиран филм за славниот морнар и неговата слаба придружничка Олива.
Датумот на објавување на филмот не е соопштен.
„Како еден од најстарите цртани ликови, Попај претставува икона на анимираниот филм, која неизбежно е поврзана со развојот на анимацијата“, соопшти компанијата.
Попај последен пат се појави на големиот екран во 1980 година, кога Роберт Алтман ја режираше неговата играна верзија со Робин Вилијамс во главната улога.

commercial