Рентген снимка од Мерлин Монро на аукција

10:30 | 19.04.2010 | Автор: МИА
Обожавателите на Мерлин Монро ќе имаат можност да ја збогатат својата збирка предмети со рентген-снимка на нејзините бели дробови.
Најновата аукција на работи кои и припаѓале на популарната актерка ќе биде одржана на 26 и 27 јуни во Лас Вегас. Минималната цена на рентгенската снимка ќе биде 12.000 долари. Во прашање е снимка од 1954 година кога врз Мерлин Монро била извршена хируршка интервенција во болница во Лос Анџелес.
На аукцијата ќе има и пар скии со имицијалил ММ проценети на 800 долари како и парфем Шанел 5 во оригинална амбалажа, проценет на 1.200 долари. Обожавателите ќе може да наддаваат и за фотографии снимени за Лајф во 1962 година, две свилени блузи како и чекови со нејзин потпис и други предмети.