Ба­ро­кот во­скре­сна, МНР се ро­ди

Со но­ви­те из­ме­ни на де­тал­ни­от план за Ма­ли­от Ринг, ќе се гра­ди об­јект на МНР пред згра­да­та на МОБ, кој ќе чи­ни 12 ми­ли­о­ни евра.

16:30 | 20.01.2010 | Автор: Душан Кировски

Но­ви­от дом на Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти ќе би­де пред згра­да­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет (МОБ). За таа цел, про­да­ва­чи­те на ста­ри кни­ги ве­ќе се дис­ло­ци­ра­ни, а се вр­шат и под­го­то­вки за поч­ну­ва­ње на гра­деж­ни­те ра­бо­ти. Вла­да­та за овој про­ект пла­ни­ра да по­тро­ши 12 ми­ли­о­ни евра. Згра­да­та ќе има при­зем­је и се­дум ка­та, а ќе се про­сти­ра на по­вр­ши­на од око­лу 13.500 ква­драт­ни ме­три.

Иа­ко ве­ќе е из­го­твен но­ви­от де­та­лен план за Ма­ли­от Ринг, мла­ди­те ар­хи­те­кти од здру­же­ни­е­то Пр­ва ар­хи бри­га­да об­ви­ну­ва­ат де­ка из­ме­ни­те во пла­нот се до­не­се­ни по скра­те­на и не­транс­па­рент­на по­стап­ка, без јав­на де­ба­та ко­ја е дел од про­це­ду­ра­та ко­га се до­не­су­ва­ат ва­кви круп­ни из­ме­ни.

- Со нај­но­ви­те из­ме­ни во­оп­што не се по­чи­ту­ва рас­то­ја­ни­е­то што тре­ба да би­де ме­ѓу об­је­кти­те и ко­ри­то­то на ре­ка­та. Гра­ни­ца­та до ко­ја е доз­во­ле­но да се гра­ди е ос­мис­ле­на одам­на, пред се по­ра­ди без­бед­нос­ни прич­ни, но и со цел да се фор­ми­ра сло­бод­на пе­шач­ка зо­на по­крај ре­ка­та. До­кол­ку се по­чи­ту­ва таа гра­ни­ца, лес­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка не­ма ме­сто за но­ви гра­деж­ни мар­ки­ци на тој про­стор - истак­ну­ва­ат сту­ден­ти­те по ар­хи­те­кту­ра.

Ге­не­рал­но, ова е ста­вот на по­го­лем дел од струч­на­та јав­ност, ко­ја сме­та де­ка со но­ви­те град­би не се соз­да­ва ни­ка­ква ар­хи­те­ктон­ска вред­ност, а тоа што об­је­тот на МНР ќе би­де из­гра­ден во ба­ро­кен стил уште по­ве­ќе ги вже­шту­ва ста­во­ви­те на ар­хи­те­кти­те кои по­ви­ку­ва­ат на ос­нов­но не­поз­на­ва­ње на ар­хи­те­кту­ра­та и умет­но­ста.

Об­је­ктот ќе се гра­ди спо­ред иде­јно­то ре­ше­ние на ар­хи­те­кти­те Бла­го­ја и Ли­ди­ја Сто­ја­нов­ски, а из­ве­ду­вач е гра­деж­на­та фир­ма „Бе­тон“. Иде­ја­та за из­град­ба на но­ва згра­да на МНР е при­сут­на по­ве­ќе го­ди­ни, а со но­ви­те из­ме­ни на ур­ба­ни­стич­ки­от план Мал Ринг е пред­ви­де­на из­град­ба на но­во се­ди­ште на оваа ин­сти­ту­ци­ја. Ова ми­ни­стерс­тво со го­ди­ни функ­ци­о­ни­ра ка­ко ки­ра­џи­ја, а не­ма­ње­то со­од­ве­тен про­стор не­га­тив­но се одра­зу­ва при по­се­ти на раз­ни стран­ски де­ле­га­ции.

Освен МНР и но­ва­та згра­да за устав­ни су­дии, на бре­гот на ре­ка­та Вар­дар ќе се гра­ди ан­тич­ки ам­фи­те­а­тар оп­ко­лен со ко­ло­на­да од ан­тич­ки стол­бо­ви, по­тоа об­је­кти за по­тре­би­те на Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво, Фи­нан­си­ска­та по­ли­ци­ја, Др­жав­ни­от ар­хив, Устав­ни­от суд и Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј, Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво и Кри­вич­ни­от суд. Ро­кот за фи­на­ли­зи­ра­ње на из­град­ба­та е 18 ме­се­ци.